Упатство за складирање/користење
Упатство за складирање/користење | Јазик |
Свежиот Алое Вера лист содржи над 200 биолошки активни состојки, како што се витамини, минерали, ензими, амино киселини, полисахариди, природни шеќери и други биоактивни соединенија. Алое Вера го зајакнува имунолошкиот, дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, има диететски ефекти, помага во прочистување на токсините, ги намалуваа нитратите и помага во спречување на инфекции.
Изобилува со витамини А, Ц, Е и Б групата, вклучувајќи Б12 и фолна киселина. Свежиот гел од Алое Вера листот содржи 20 од 22 амино киселини што му се потребни на човечкото тело, 7 од 8 есенцијални амино киселини кои телото не може да ги синтетизира и мора да се внесуваат преку храната.
Богат е и со минерали како што се калциум, магнезиум, натриум, бакар, манган, калиум, цинк, хром и железо. Содржи колаген и еластин. Има антиоксидантни ефекти.
Го содржи и моќниот стимуланс на имунолошкиот систем – аловероза или ацеманан кој е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем. Покрај ова се користи и надворешно за длабинска хидратација на кожата, против брчки и за третирање на кожата при изгореници, иритации и различни кожни состојби. | македонски |