Дигитализирање на вашите податоци
Целокупната содржина на вашиот продукт се дигитализира и опишува по GS1 GDSN атрибутите.
Постојат два начини на дигитализација на продуктот и внесување на податоците во
GS1 Каталогот:
- По претходна обука внесувањето на продуктите го врши Ваш вработен, а проверката
ја правиме ние во GS1 Македонија.
- Внесувањето на податоците и проверката ја врши GS1 Македонија
Процедурата кога продуктот го Внесува GS1 е следен:
- Пријавување: продуктот (храна или друго) во оригинална амбалажа и содржина се доставува
до GS1 Македонија. Продуктот се заведува со неговиот GTIN
- Мерење: се мери тежината и димензиите на пакувањето, што е од клучно значење при
доделување на простор во магацин или во маркет
- Фотографирање: се врши фотографирање на продуктот од повеќе агли во висока резолуција
- Внесување на податоци: се дигитализираат сите податоци од етикетата и пакувањето
- Податочен квалитет: се прави посебна проверка на квалитетот на податоците и фотографиите
- Објавување: продуктот и податоците се објавуваат во каталогот
- Проверка: на дигитализираните податоци дали се во согласност со препораките на АХВ
и ЕУ за новото означување на храната
- Споделување: информациите и сликите можете да ги споделувате со своите партнери
или на социјалните мрежи