Декларација на производот (без состојки)
Декларација | Јазик |
Природен производ без додаток на шеќер Нето: 250 мл/350 гр Сируп од врбовка без додаден шеќер е производ од палетата производи на нашиот бренд БОРОЏУН. Производ создаден со голема љубов, посветеност и искуство во комбинација со чистото еколошко поднебје, еколошките плодови од Малешевскиот регион и оригиналниот рецепт како спој на традиционалното и современото. Врбовката е собрана од најчистите предели на Малешевијата. Врстата на врбовка што ние ја собираме е позната по латинскиото име (Epilobium angustifolium). Како засладувач користиме природен гроздов слад направен од органско грозје (во преод). Бројни се здравствените бенефити од користењето на двата познати и многу употребувани производи од грозје и врбовка (Epilobium angustifolium). | македонски |
Хиперлинк до дополнителен опис за производот