Податоци за компанија

Име на компанија (провајдер на податоци) МАКОТЕХНА ДОО - БИТОЛА
GLN на компанијата ( провајдер на информации) 5319990295002

Контакт лице Горан Николовски

Контакт телефон 076/339-555

Email makotehna@yahoo.com

Web http://www.makotehna.com.mk/

   
Опис

Фирмата МАКОТЕХНА дооел е формирана во Септември 1996 година,како мала фирма со двајца вработени.со деловен статус како активна фирма со 100 % приватен домашен капитал. Големината на субјектот е од типот на мали претпријатија во организиран облик 05, 4-дооел, и регистрирана дејност 20,41 - Произвотство на сапуни и детергенти,препарати за чистење и полирање , како и регистрирана дејност во надворешно –трговскиот промет. Директорот, по образование дипломиран инженер технолог по био – прехрамбено инженерство, како млад ентузијаст влезе во делот на применета хемија и тоа во дел на произвотство на средства за домашна хемија и произвотство на антифриз и автокозметика. МАКОТЕХНА со текот на годините беше флексибилна компанија , која беше во можност лесно де се преорентира на пазарот и да произведува средства според потребите на истиот со сите стандарди кои ги бара потрошувачот и сертификати. Во 2006 година Фирмата ја проширува својата дејност и почнува со произвотство на професионални средства за хигиена , индустриски одмастувачи и дезинфекција со комплетна програма во сите области и тоа во месна индустрија, млечна индустрија, конзервна индустрија, кандиторска индустрија, пекарска индустрија, винарии и пивари, како и средства за чистење и дезинфекција во болници , градинки, училишта ,хотели , ресторани и други услужни дејности и тоа по ISO стандард и НАССР систем, направени за нас и за потребата на нашите комитенти. Наш приоритет и вредности во делот на тековното работење се: пред се делување со квалитет и интегритет, нудиме гаранција за беспрекорна услуга, квалитет, достапност 24 часа ,секој ден во неделата, фокусирани сме на задоволни коминтенти и услуги, насочени сме кон континуиран развој, перманентно го подобруваме системот за квалитет и настапуваме согласно политиката за квалитет во сите сегменти. Во тековното работење во сите области на делувањето - пред се ние сме Опшествено одговорна компанија. На домашниот пазар имаме успешна соработка со повеке од 200 компании. Нашите производи се одлично прифатени од нашите комитенти , пред се поради одличната цена и добриот квалитет на цела програма на МАКОТЕХНА, како и тоа што сме домашна компанија за произвотство на комплетна програма. Работиме пазарно, ги прифакаме новите предизвици и трендови, но секогаш на прво место ги поставуваме потребите на нашите потрошувачи. Нашето деловно мото и филозофија на работење е базирано на најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на производите.

Имплементирани стандарди: HACCP.

   Најнови производи од компанијата

Сите производи од компанијата (23)