Девет производи кои можат да се користат и по истекот на рокот на употреба


img

Навикнати сме да веруваме во ситните броеви кои се наоѓаат на пакувањето на секој производ и кои го означуваат рокот на употреба. Професионалците кои се занимаваат со оваа проблематика нагласуваат како непотребно исфрламе храна, бидејќи голем број на производи можат да се употребуваат и не се штетни за организмот и по истекот на рокот на употреба.

Според британските стручњаци рокот на употреба на некои производи кој по закон мора јасно да биде назначен на производот не секогаш е реален показател за квалитетот на храната, односно голем број на продукти се совршено добри за употреба и по истекот на рокот на употреба втиснат на пакувањето.

Нагласуваат дека оваа пракса се однесува и на свежите производи, кои и по истекот на рокот на употреба не се штетни за организмот.

  1. Млеко

    Може да се употребува и до недела дена по истек на рокот на употреба нанесен на пакувањето. Млекото лесно се приметува доколку е расипано по изгледот, вкусот и мирисот и нема да го консумирате доколку се сомневате во неговата исправност.

  2. Кечап

    Доколку го чувате кечапот во ладилник, истиот може да биде безбеден за употреба и до шест месеци по истекот на рокот на употреба. Нормално доколку забележите мувла или чуден мирис нема да го консумирате.

  3. Маслиново масло

    Рокот на траење на маслиновото масло е до две години, за да ги задржи хранливите својства препорачливо е да се чува на ладно и темно место каде нема да се расипи.

  4. Кисели краставици

    Рокот на траење на киселите краставици кога се отворат е и до година дена доколку ги чувате во ладилник. Истото важи и за маслинките.

  5. Оцет

    Рокот на траење на оцетот е речиси бесконечен. Доколку се случи да настане талог или промена на бојата оцетот ќе биде и понатаму ќе биде безбеден за употреба.

  6. Мед

    Добриот мед не ги губи својствата и по долго чување, затоа е добар да се употребува се додека не се потроши.

  7. Кафе

    Пакувањето на кафе кое е отворено и кое сте го заборавиле, добро е за користење и до три па и до пет месеци по рокот на истек на употреба. Зрната на кафе не ги губат својствата и по пола година.

  8. Путер

    Путерот е безбеден за употреба и по две недели од истекот на рокот на употреба, доколку е во замрзнувач може да се употребува и до девет месеци од истекот на рокот на употреба.

  9. Зачини

    Цимет, бибер, црвен пипер и речиси сите зачини ги задржуваат своите својства и до две години по истекот на рокот за употреба, но важно е истите да се чуваат во стаклена амбалажа на суво и темно место.